Во време кога социјалните мрежи сè повеќе влијаат на начинот на кој младите го перципираат реалноста, новинарката, презентерката и инфлуенсерката Алмедина Исмајли во разговор за Mollëkuqja.mk истакна дека дигиталните платформи отвориле простор за нови гласови, но истовремено продолжуваат да хранат стереотипи и површинска содржина. Таа зборуваше за влијанието на социјалните мрежи врз младите, предизвиците на онлајн активизмот, родовата рамноправност, одговорноста на инфлуенсерите и потребата за повеќе критичко размислување во дигиталниот простор.
Како го гледате влијанието на социјалните платформи врз унапредувањето на родовата рамноправност кај младите? Дали создале повеќе простор за маргинализирани гласови, или продолжуваат да ги репродуцираат постоечките стереотипи?
Социјалните мрежи дале простор за гласови кои порано не се слушале, но да го кажеме директно, не се толку прогресивни колку што изгледаат. Покрај активизмот, тие секојдневно продолжуваат да хранат стереотипи, особено преку нереални стандарди за изглед и стари улоги кои се пакуваат како „модерност". Значи, да, има повеќе глас, но и многу бучава која често го задушува вистинскиот порак.
Кои се најпозитивните влијанија кои сте ги забележале од онлајн феминистичкиот активизам, особено кај младите, и кои се главните ризици што социјалните мрежи ги носат за родовите прашања?
Позитивното е тоа што младите денес реагираат побрзо и не молчат како порано. Но проблемот е тоа што голем дел од овој „активизам" останал на ниво на објави и сторија. Стало лесно да се изгледа ангажирано без реално да се направи ништо. Најголемиот ризик е токму тоа, банализирање на сериозна кауза во нешто што се консумира како тренд.
Дали мислите дека некои форми на тоа како активистите избираат да пристапат кон „борбата" за родова рамноправност можат да донесат несакани резултати?
Апсолутно да. Има многу кои го користат феминизмот како етикета за внимание. Сензационалистичките пристапи, претераната драматизација и екстремната поделба меѓу половите само ја штетат каузата. Наместо да се зборува за рамноправност, често се создава вештачки конфликт кој повеќе се продава на мрежите. Ова не е активизам.
Од моето искуство во дигиталниот простор, забележав дека младите често брзо се влијаат од овие наративи, без да анализираат колку се одржливи или реални. Сепак, генерално мислам дека имаме здрава и интелигентна младина, која на крајот на денот знае да разликува што е вистина и што е само бучава на социјалните мрежи.
Колку инфлуенсерите денес создаваат негативна перцепција преку своите пристапи во адресирањето на прашањата или рекламите, како го менаџираш ти тоа?
Сепак, ми се допаѓа инфлуенсингот во нашата земја, бидејќи генерално нашите инфлуенсерки се поприродни, поедноставни и поавтентични во споредба со она што го гледаме надвор. Немаме толку многу „вештачка перфекција", и тоа е голема вредност. Многу од нив даваат добри пораки и се позитивен пример за младите.
Инфлуенсерите имаат поголема одговорност отколку што признаваат. Кога промовираш сè за плаќање, без филтер и без вредности, автоматски може да влијае негативно на перцепцијата, дури и за сериозни прашања како родовите.
Јас лично се трудам да бидам многу селективна со соработките и да не промовирам нешто во што самата не верувам. Всушност, од мене никогаш не сте ја слушнале изразот „овој производ ми го промени животот", бидејќи мислам дека треба да бидам реална и да останам верна на својата публика. На крајот, луѓето чувствуваат кога нешто е вистинито и кога не е.
Што треба да се промени во начинот на кој се користат социјалните платформи, за да придонесат поефективно кон унапредувањето на родовата рамноправност, а не кон регрес?
Мислам дека предизвикот не лежи само во користењето на социјалните платформи, туку во начинот на кој содржината се структурира и консумира во нив. Честопати алгоритмите фаворизираат брза, сензационална и површинска содржина, додека теми со општествена тежина, како родовата рамноправност, не добиваат секогаш вниманието што го заслужуваат.
Сепак, многу е важно да се истакне и прогресот. Денес постои многу повисоко ниво на свесност, особено кај жените и младите, кои имаат поголем пристап до едукативна и информативна содржина. Дискусиите за насилството, личните искуства и родовите нееднаквости станале поотворени, што порано беше многу поограничено. Ова помогнало во нормализирањето на дијалогот и во зајакнувањето на многу поединци подобро да ги познаваат своите права и да реагираат, или да пријавуваат.
За да се напредува понатаму, потребен е поодговорен пристап од сите страни: создавачите на содржина, медиумите и самата публика. Од суштинско значење е да се промовира критичкото размислување и да се фаворизира содржината која едуцира и информира, а не само онаа која генерира моментални реакции.
Во суштина, родовата рамноправност не се гради само во дигиталниот простор, но социјалните мрежи можат да бидат многу моќен инструмент на прогрес кога се користат со свесност и соодветна насока.






