Импресум

Редакција

Уредувачка политика на Mollëkuqja

Mollëkuqja (www.mollekuqja.mkMollëkuqja (www.mollekuqja.mk) е онлајн медиум на Центарот за еднакви можности „Бубамара“ од Тетово. Секој текст го објавуваме на албански, македонски и англиски јазик. Пишуваме за медиумска писменост, меѓуетнички односи, родова еднаквост и човекови права. Оваа политика објаснува како работиме и што можат читателите да очекуваат од нас.

Независност
Уредувачките одлуки ги носиме самостојно, без влијание од политички партии, институции, бизниси или донатори. За секој текст што се објавува, последниот збор го има главниот уредник. Не објавуваме содржини за чие објавување сме платени.

Точност и проверка
Секој факт го проверуваме пред објавување. За секое фактичко тврдење бараме најмалку два извора или официјален документ. Фактите јасно ги одделуваме од мислењата: колумните и анализите се означени како такви. Секој текст го носи името на авторот. Фотографиите и видеата што не се наши ги означуваме со изворот.

Јазикот што го користиме
Пишуваме со родово чувствителен јазик и без дискриминација. Етничката припадност, верата, сексуалната ориентација или родовиот идентитет на некое лице ги споменуваме само кога се директно поврзани со настанот. Не користиме говор на омраза, ниту наслови што ја обвинуваат жртвата.

Жртви, малолетници и извори
Без нивна согласност, не го објавуваме идентитетот на жртвите на насилство, ниту на децата. Ги заштитуваме изворите што бараат да останат анонимни. Анонимен извор користиме само кога информацијата не може да се добие на друг начин и кога редакцијата знае кој е изворот.

Исправки и поплаки
Кога ќе згрешиме, ја исправаме грешката. Барањата за исправка, појаснување или поплаките можете да ни ги испратите на ceomollekuqja@gmail.comсо назначување на текстот и на грешката. Одговараме во рок од 3 работни дена. Секоја исправка јасно ја означуваме на почетокот на текстот, со датумот кога е направена. Лицата што се споменуваат во нашите текстови имаат право на одговор.

Реклами и финансирање
Не прифаќаме реклами, спонзорирани содржини ниту платено политичко рекламирање. Нашата работа ја финансираме со грантови за проекти. Донаторите немаат влијание врз нашата уредувачка содржина. На порталот објавуваме кој нè финансира.

Вештачка интелигенција
Алатките на вештачката интелигенција ги користиме само како помош, на пример за транскрипција. Не ги користиме за пишување статии или за создавање фотографии без тоа јасно да го означиме. Секоја содржина ја проверува новинар пред објавување.

Коментари
На порталот и на нашите социјални мрежи ги бришеме коментарите што содржат говор на омраза, закани, вознемирување или лични податоци на други лица.

Саморегулација

Членуваме во Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и работиме според Кодексот на новинарите на Македонија. Нашите новинари се членови на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Секој што смета дека сме го прекршиле Кодексот може да поднесе претставка и до СЕММ.

Pronar dhe botues: Qendra për mundësi të barabarta “Mollëkuqja”, Tetovë
Adresa: rr. Jordan Zlatanoski nr. 37, 1200 Tetovë
Kontakt: ceomollekuqja@gmail.com | +389 70 544 702
Kryeredaktori përgjegjës: Ardit.ramadanni@gmail.com