August 19th, 2024
Пред да навлеземе во детали, од почеток да напоменеме дека алжирската боксерка Имане Келиф не е трансродна личност. Таа е родена со женски гениталии, го живеела целиот свој живот, се идентификува и во моментов живее како жена. Ако медиумите ви кажат нешто поинаку - ве лажат.
Имане Келиф е во центарот на медиумското внимание откако ја победи италијанската противничка Анџела Карини на Олимписките игри. Карини одлучи да се предаде во првите 46 секунди по силниот удар, кој според неа резултирал со „неподносливи болки“ во носот.
Доволни беа неколку објави, главно дезинформации, од контроверзни личности како Доналд Трамп, авторката на Хари Потер Џ.К. Роулинг, првиот човек на „Х“, Илон Маск за медиумите во Северна Македонија да му се приклучат на орото пропаганди и лаги на екстремната десница во врска со полот на алжирската боксерка Имане Келиф.
„Јас ќе ги задржам мажите далеку од женскиот спорт“, рече Трамп.
Постојат многу методи како може да се манипулира со информации, од кои речиси сите се користени за (погрешно) информирање за полот на Алжирката Имане Келиф. За оние кои можеби не ги знаат разликите меѓу горенаведените поими, не грижете се, ќе ги научите во оваа анализа - и тоа со конкретни примери.
Дезинформација е кога лажни или манипулирана информација се шири свесно за да се предизвика штета. Предизвиканите последици од овој тип на информации можат да бидат значајно поголеми доколку медиумот што ги објавува има авторитет и кредибилитет во масите.
На пример: Телевизијата „Топ чанел“ по мечот на Имане Келиф објави статија насловена: „Дуел исполнет со полемики на Олимписките игри / Противничката се повлече по 45 секунди, трансродовата личност реагира по прв пат: Фала богу... .
Понатаму, во првиот пасус пишува „Победата на трансродовата Имане Келиф против Ангела Карини во женскиот бокс предизвика полемики на Олимписките игри што се одржуваат во Париз“.
Нема никакви докази дека алжирската боксерка Имане Кхелиф е трансродна личност, иако „Топ Ченел“ и други големи медиуми, како телевизијата „Клан“, во вестите се повикуваат на неа. Алжир, каде што Келиф живее и живеела цел живот, не дозволува промена на полот, а дури и се санкционира во Кривичниот законик.
Судовите во Алжир претходно донеле пресуди во кои се наведува дека „промената на полот е во спротивност со човековата природа“. Затоа, не е за верување дека оваа земја би испратила трансродова претставничка на Олимписките игри.
„Моето дете е девојче. Таа пораснала како девојче“, изјави таткото на Келиф, Омар Келиф, во интервју за „Скај њуз“, каде меѓу другото се прикажаа и слики на Келиф како дете, каде се гледа дека е девојче.
Портпаролот на Меѓународниот олимписки комитет, Марк Адамс, исто така изјави дека Келиф „е родена жена, регистрирана како жена, го живеела целиот живот како жена, боксувала како жена и на нејзиниот пасош пишува дека е жена. Овој случај не се однесува на трансродовите лица“, заклучи тој.
Реагираа и од Алжирскиот олимписки комитет од каде велат дека „овие напади се неетички и неосновани“.
Дури и организацијата која ја започна дебатата за родот на боксерката Кхелиф, Меѓународната боксерска асоцијација, во ниту еден момент не спомна дека станува збор за трансродна или транссексуална личност, туку за нешто сосема друго, кое ќе го објасниме подолу.
Заклучок: Имане Келиф никогаш не била подложена на некаква операција или третман за промена на полот. Дури и да сакала, не би можела да го направи тоа бидејќи нејзината матична земја не и дозволува. Дискусијата во однос на нејзиниот пол би била логична доколку таа своеволно, за време на нејзиниот живот, би била подложена на процедури за промена на полот.
За медиумите: особено традиционалните, не смеете да објавувате непроверени вести и главно основани на објави на контроверзни ликови, кои во минатото биле извор на многу дезинформации. Оваа вест има сериозен потенцијал да ја влоши и онака лошата атмосфера против ЛГБТК+ лицата.
Погрешно информирање е кога се шират неточни или невистинити информации, но не нужно со зла намера. Причините за тоа можат да бидат различни, како желба за сензационализам, недоразбирање и слично.
На пример : Во моментот кога говорот на омраза и дезинформациите за овој случај ја преплавија мрежата, „Сакам да Кажам“ објави статија со наслов “МЕЃУНАРОДНАТА БОКСЕРСКА АСОЦИЈАЦИЈА ТВРДИ ДЕКА СО ПРАВО ГИ ДИСКВАЛИФИКУВАЛА БОКСЕРКИТЕ ХЕЛИФ И ЈУН, ИМАЛЕ НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН КАКО МАЖИ.”
Оваа вест ја ставаме во категоријата погрешно информирање , не само затоа што порталот „СДК “ одлучи да објави само една страна од приказната, онаа на Меѓународната боксерска асоцијација, туку и затоа што читателите го лиши од еден многу важен дел на информациите.
Напомена: Изворот на сите дезинформации за овој случај е Меѓународната боксерска асоцијација
Поради тоа, читателите заслужуваат да го знаат изворот на информацијата, оваа сега веќе дискредитирана организација се води од рускиот олигарх Умар Кремлев, близок со рускиот претседател Владимир Путин. Кремљ постојано се обидувал да внесе руско влијание во спортот, склучувајќи договори со руски компании како „Газпром“.
На сликата е раководителон на Меѓународната боксерска асоцијација, Умар Кремлев со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Во 2019 година, Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука за прекин на секаков вид соработка со оваа организација поради сомнително управување, проблеми со финансиската транспарентност, како и поради други етички причини, кои главно се поврзани со руското влијание.
Откога знаеме кои се тие, ајде да се осврнеме малку на тоа што го велат: Не е точно дека оваа организација официјално објавила дека Имане Келиф и Лин Ју-Тинг имаат „нивоа на тестостерон како кај мажите“ како што пишува „СДК“.
Од таму дури и јасно ставија до знаење дека воопшто не го тестирале нивото на тестостерон на Имане Келиф.
Треба да се забележи дека „Спортистите не беа подложени на скрининг за тестостерон, туку на посебен и добро познат тест, чии специфики остануваат доверливи“, пишува оваа асоцијација во официјалното соопштение , објавено на 31 јули. Ниту оваа организација ниту нивниот лидер Умар Кремлев не се доверливи, но „СДК“ треба да цитира правилно, дури и во насловот.
Тогаш, претседателот на оваа организација, Умар Кремлев, за државните новински агенции во Русија изјавил дека Келиф и Ју-Тинг имаат XY (машки) хромозоми, а не XX (женски) хромозоми.
Сепак, науката има одговор и за ова, кој ќе го елаборираме подолу.
Овие тестови беа спроведени среде шампионатот, неколку дена откако Келиф ја победи руската боксерка Азалија Аминева, и не се објавени никогаш, а беа извршени во потполно нетранспарентен начин. Следствено, не се признаваат од ниту една сериозна меѓународна спортска организација.
Портпаролот на Олимпискиот комитет, Марк Адамс, ги отфрли овие тестови, изјавувајќи дека „тие тестови не се легитимни тестови. Самите тестови и процесот како тие се спроведени, случајната природа на тестовите, не е легитимна“.
„Тестот, методологијата на тестот, идејата за тестирање која се случи преку ноќ. Ниту едно од овие не е легитимно и не заслужува никаков одговор. Дали знаете дека овие две спортистки се цел на федерација која е целосно дискредитирана?“ - додаде Адамс.
Освен тоа, науката вели дека не постои нешто како „ниво на тестостерон како кај мажите“, има многу жени со високо ниво на тестостерон, студиите велат дека 8 до 18% од жените во репродуктивна возраст се погодени од синдром на полицистични јајници, па нивните јајници произведуваат повеќе машки полови хормони наречени андрогени.
Заклучок: Резултатите од половите тестови никогаш не се објавени и покрај бројните барања, не можат да бидат независно проверени а Олимпискиот Комитет се противи и забрани секаков вид соработка со Меѓународната Боксерска Асоцијација поради нетранспарентно управување, финансиски проблеми и руско влијание.
За медиумите: Бидете внимателни со информациите што ги добивате од сомнителни и претходно дискредитирани извори. Читателите заслужуваат да бидат информирани од релевантни, непристрасни и не-пропагандни извори. Русија и нивното влијание можат да бидат присутни дури и таму каде што не би ви паднало на памет. Затоа, проверете, објавете!
Злонамерно информирање е кога лажна или вистинска вест се објавува со единствена намера некому да му наштети. Информациите што се објавени или избраниот јазик може да предизвикаат штета на поединец или одредена група, преку говор на омраза или психичко насилство.
На пример , на денот кога Имане Келиф го освои златниот олимписки медал, порталот Lapsi.al објави статија насловена „Келиф се покажа „машко“ до крај: ја порази и Кинескињата Јанг и го освои Олимпискиот златен медал“.
Свесни за малтретирањето и психичкото насилство што го доживеала алжирската боксерка за време на Олимписките игри, овој наслов е потполно непрофесионален, несолена шега, сензационална и има потенцијал да ја поттикне масата против Келиф.
Статијата ја ставивме во категоријата „злонамерни“ затоа што освен насловот, веста подолу е добро напишана. Тенденцијата да се создаде што попривлечен или манипулативен наслов за да се привлечат што повеќе кликови за веста не му служи на професионалното новинарство и не може да се направи за добра цел.
Ниту еден клик повеќе не треба да ги поттикне новинарите да влијаат на хранењето или одржување во живот на теориите на заговор или дезинформациите. Напротив, должност на медиумите е да се борат против овие појави, секогаш основајќи се на факти и користејќи соодветен јазик за информирање на читателите.
“Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). Член 10 на Кодексот на новинарите на Македонија.
Но покрај тоа, треба да се истакне дека боксерката Имани Хелиф во минатото изгубила вкупно 9 натпревари против жени противнички. Една од тие што триумфираше против Хелиф е Ејми Бродхурст.
Лично не мислам дека Хелиф направила нешто што може да се смета за 'измама'. Мислам дека тоа е начинот на кој е родена и е надвор од нејзина контрола. Фактот дека таа е поразена во рингот од 9 жени боксерки претходно зборува за сè,“ пишува боксерката Ејми Бродхурст на 'X'.
Заклучок: Да, точно е дека алжирската боксерка Имане Келиф го освои златниот олимписки медал. Медалот го освои во категоријата жени до 66 килограми. Не треба да си „маж“ за да бидеш силен.
За медиумите: Новинарите се свесни за „моќта“ што ја има насловот на статијата. Затоа, обидете се да бидете доволно креативни за да привлечете читатели без да морате да поттикнувате омраза кон одредена личност или група.
Пропагандата се однесува на информации кои не се објективни, главно се користат за да се влијае на мислењето на луѓето за исполнување на една или друга политичка агенда. Поради тоа, пораките што се пренесуваат се претежно емотивни, а не рационални.
На пример, свештеникот на црквата „Христово Евангелие“ во Тирана, Акил Пано, објави статија на својот интернет портал со наслов „Какви се овие кои тепаат жени и светот гледа сеир, дури и им дава медали?“
Оваа статија видно ги содржи сите елементи на пропаганда, во овој случај религиозна. Тој се обиде да ги допре емоциите на читателите уште од фотографијата поставена на предната страна на написот, каде што се гледа противничката на Келиф како плаче.
Потоа, тој се обидува да ги натера читателите да се сожалат за противничката на Имане Келиф објаснувајќи зошто тој ја „сожалувал“. Претежно пораките се емотивни и нималку рационални, додека текстот е полн со дезинформации.
Имајќи предвид дека емоциите се клучен фактор кај луѓето, пораките што ги пренесува свештеникот Акил Пано преку оваа статија имаат моќ да манипулираат со емоциите на неговите читатели, целната група (кои се претежно религиозни), предизвикувајќи непотребна хистерија кај нив.
Статијата ги содржи сите елементи на пропаганда, од активирање на силни емоции, поедноставување на информациите, прилагодување на потребите на неговата публика и напад над секој што би можел да размислува поинаку, нарекувајќи ги „луѓе кои му аплаудираат на насилството врз жените“.
Заклучок: Оваа статија е мешавина од дезинформации, погрешно информирање, злонамерно информирање и пропаганда. Читателите треба да бидат внимателни кога ќе наидат на написи кои на секој начин се трудат емотивно да ги допрат и се целосно еднострани.
Со новинарски експерти, лекари и сексуални едукатори се обидовме да ја најдеме суштината на дезинформациите и целата дебата за алжирската боксерка Имане Келиф. Добивме ставови и од институциите.
Бојан Кордалов, комуниколог, вели дека кога станува збор за покомплицирани теми, невозможно е новинарите да ги имаат сите информации – тука, вели тој, невладините организации треба да бидат поактивни и да им помогнат.
“Едукацијата е клучна, бидејќи медиумските работници е невозможно да имаат детални и длабински информации за сите теми и специфики. Оттука, граѓанските организации кои се специјализирани и застапуваат одредени теми и целни групи за кои јавноста има многу малку информации е неопходно да бидат секогаш во контакт и постојано на располагање на сите медиуми” вели Кордалов.
Но недостатокот на информации не е единствениот проблем. Кордалов вели дека информирањето на медиумите во врска со боксерката Имане Келиф ни покажа едно нешто: „Борбата за кликови или clickbait пристапот може да донесе кликови, но истовремено и нецелосно да ја информира јавноста за одредени теми, дополнително да подгрее говор на омраза и дискриминација “, додаде Кордалов.
Недостатокот на информации за овој случај немаат само новинарите во Северна Македонија, туку е глобален проблем. На пример, статистиката на „Google Trends“ покажува дека од крајот на јули до почетокот на август, најчести пребарувања биле „нарушувања во сексуалниот развој“, „XY хромозоми“ и „Тест на Имане Келиф за пол“.
Марија Ѓорѓиевска одредено време работела како сексуален едукатор во пилот-проектот за воведување на овој предмет во училишните програми, за „Бубамара“ вели дека е убедена дека овој предмет би влијаел масите полесно да ги ‘проголтаат’ овие теми.
„Нашата програма, меѓу другото, вклучуваше нивно информирање за поимите род и пол, родови улоги, норми, каде што ја истакнувавме важноста да се препознаат сечии разлики, да не се осудуваат луѓето само затоа што не се дел од она што патријархатот го нарекува „вистински мажи“ или „вистинска жена“, рече Ѓорѓиевска.
Изрази дека во времето кога предавала на овие теми во Скопје, „Често сум се соочувала со отпор за прифаќање дека постои нешто поинакво од класичната поделба на работите за мажи и жени, но главно основата на спротивставувањето лежи во несоодветно или било какво информирање на учениците за овие теми“.
Каи Гладгова од иницијативата Трансформа за „Бубамара“ изјави дека масовната штета што ја предизвикуваат непрофесионалните медиуми при информациите за спортистката Имане Келиф би била помала доколку сексуалното образование биде дел од училишните програми.
“Преку ССО, наместо учениците да учат како да го перпетуираат родово базираното насилство кое го гледаат во ходниците на училиштето и надвор од него, ќе имаат прилика да научат како да градат и одржуваат здрав однос кон себе и кон другите, а со тоа и ќе учествуваат во создавање на ненасилна средина во која има место за сите безразлика на различностите.“
Таа додаде дека е неприфатливо голем број луѓе во Северна Македонија да слушнат за синдромот „Свајер“ како и за Интерсекс за прв пат од дезинформациите што се шират за боксерката Имане Келиф.
„Токму тоа што многумина прв пат слушнаа за "Swyer" синдром и интерполовоста од медиумските известувања за Имане Келиф, зборува за важноста улога на медиумите и одговорноста која доаѓа со нивната професија “ заклучи Гладкова.
И покрај ова, од Министерството за образование и наука за „ Бубамара “ изјавија дека од септември нема да има посебен предмет за сеопфатно сексуално образование - туку дел од темите ќе бидат интегрирани во актуелните постоечки предмети.
„Информираме дека во договор со Бирото за развој на образованието, во наставните програми по биологија и други соодветни редовни и изборни предмети од септември во седмо, осмо и деветто одделение ќе се обработуваат теми поврзани со репродуктивното здравје, несакана бременост, сексуално преносливи болести, родово базирано насилство и слично, како теми кои мора да се детабуизираат, од интерес на младите и соодветни на возраста“, соопштија од Министерството за образование и наука.
Резеарта Елези, ендокринолог, им разјасни некои дилеми на новинарите кои ја нарекуваа боксерката Имане Келиф како „маж“ поради непроверените вести дека е родена со XY хромозоми, кои се типични за мажите.
„Имане Келиф, без разлика на противречностите околу тоа дека е родена со XY хромозоми (кои се типични за мажите), сè уште непроверено, сигурно дека не може да се нарече маж или трансродова бидејќи во текот на родовиот развој на луѓето влегуваат повеќе биолошки фактори (АМХ – анти-мулериан хормон, меѓу другото) кои даваат машки фенотипски карактеристики“, рече Елези.
Таа додаде дека дури иако се потврди „присуството на XY хромозомот, или таканаречениот „Свајер синдром“, Имане Келиф ќе остане жена, и покрај високите нивоа на тестостерон, биолошки. Доколку единствениот критериум за одредување на полот е ниво на тестостерон, тогаш многу жени со синдром ПЦО, кои имаат многу високо ниво на тестостерон, би се нарекле мажи“, вели ендокринологот Резеарта Елези.
Не е тешка наука дека преку лажни вести и пропаганда можете да нанесете штета на медиумски необразована популација која е склона да стане жртва на дезинформации. Дека овие вести поттикнувале говор на омраза и дискриминација, може да се види во коментарите на секоја статија.
Коментарите се претежно хомофобични, со говор на омраза, заканувачки и полни со навреди за ЛГБТК+ заедницата во земјава. Потсетуваме дека атмосферата против оваа заедница во земјава не била добра.
Од Министерството за Внатрешни Работи за „Бубамара“ велат дека во последната деценија имало 28 случаи на напади врз припадници на оваа заедница. Сепак, се наведува дека оваа бројка е многу поголема, но не се пријавени поради стравот од јавен линч.
Според МВР, оштетување на автомобил на членови на заедницата, онлајн малтретирање, незаконско апсење, физичко насилство, дистрибуција на хомофобични материјали на Фејсбук, загрозување на безбедноста, закани – ова се најчестите кривични дела против ЛГБТК+ заедницата во Северна Македонија.
Говорот на омраза е дело кое се казнува според позитивните закони во Северна Македонија. Потсетуваме дека во април оваа година, за прв пат во земјата, едно лице беше осудено на затвор за говор на омраза против припадник на ЛГБТК+ заедницата.
Кривичната пријава за 'ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем' беше поднесена од организацијата 'Квир Центар', а Основниот суд во Неготино одлучи дека обвинетиот е виновен за делото за кое е обвинет. Ако сакате да прочитате повеќе за овој случај, кликнете ТУКА.
Медиумите имаат многу важна улога во обликувањето на перцепциите и ставовите на јавноста. Тие треба да бидат многу внимателни кога пишуваат за теми кои ги засегаат ранливите заедници, за да не влијаат на растот на хомофобијата и да не поттикнуваат омраза против одредена заедница.
Алжирската боксерка Имане Келиф, веднаш по освојувањето на златниот медал, ги тужеше лидерот на „Х“, Илон Маск и авторката Џ.К. Роулинг за малтретирање преку социјалните мрежи. Нејзиниот адвокат Набил Буди рече дека треба да одговараат за коментарите што ги напишале на социјалните мрежи.
Адвокатот Набил Буди додаде дека „Имане Келиф одлучи да започне нова битка, битка за правда, достоинство и чест“.
Имане Келиф изјави дека „Се што е кажано за мене на социјалните мрежи не е морално. Сакам да ги променам умовите на луѓето во светот“.
Претседателот на Олимпискиот комитет, Томас Бах, рече дека „Правдата мора да го реши ова: мора да им се дозволи на жените да учествуваат во женски натпревари. Додека овие две се жени“.
Информациите за случајот со Имане Келиф уште еднаш го вклучија алармот за потребата од медиумска едукација во Северна Македонија. Додека повеќето медиуми станаа плен на дезинформации во кои се вклучени Русија и други контроверзни личности, читателите ја земаа оваа информација здраво за готово без да размислат двапати и реагираа со говор на омраза.
Për ta lexuar këtë artikull në gjuhën shqipe, klikoni KËTU.
Ardit Ramadani është magjistër i Komunikimit Masiv dhe Gazetarisë. Ai është autor dhe redaktor i disa hulumtimeve. Më herët, ka punuar si verifikues i fakteve në Vërtetmatës.mk dhe Crithink.mk, si gazetar në ‘Portalb.mk’ dhe në Televizionin Kombëtar ‘Alsat M’. Aktualisht, Arditi është kryeredaktor përgjegjës në portalin ‘Mollekuqja.mk’ dhe udhëheqës i hulumtimit në Forumin për Ndryshime në Arsim. Arditi është bashkë-themelues në të dy këto organizata.
Përmbajtja e kësaj ueb-faqeje është përgatitur nga Mollëkuqja me mbështetje të popullit Amerikan përmes Agjencionit për Zhvillim Ndërkombëtar të Shteteve të Bashkuara të Amerikës (USAID). Pikëpamjet e autorëve të shprehura në këtë ueb-faqe nuk reflektojnë medoemos pikëpamjet e Agjencionit për Zhvillim Ndërkombëtar të Shteteve të Bashkuara apo të Qeverisë së Shteteve të Bashkuara të Amerikës.
Platforma mollëkuqja.mk është projekt i Qendrës për Mundësi të Barabarta "Mollëkuqja". Nëpërmjet kësaj platforme ne synojmë të krijojmë një hapësirë të sigurtë për gratë dhe burrat, ku të njëjtët jo vetëm mund të informohen për problemet aktuale që kanë të bëjnë me diskriminimin gjinor, por edhe të mund të ndajnë mendimet dhe eksperiencat e tyre.
Të gjitha të drejtat janë të rezervuara © 2024 / Mollëkuqja.mk | Made by LuckyMedia