Афердита Нухији и Арта Зејнели ги споделуваат постигнатите успеси во 2024 година

Едната е режисерка, а другата актерка. Тие се пријателки и колешки во професијата. И двете имаа една година полна со активности, па токму затоа Агона Чупи ја спомна Афердита Нухији како една успешна жена, а Афердита ја спомна Арта Зејнели. Да се оди напред и секогаш да се биде мотивиран е доста тешко. Ова е причината зошто Молекуќја посредува во изразувањето на благодарност меѓу успешните жени. Се разбира дека успешни жени има многу и вие својата благодарност можете да ја изразите на еден свој начин, во неможност да бидете дел од тие безброј успеси на многу прекрасни жени кои секојдневно се трудат да го направат светот подобро и поправедно место сите.

АФЕРДИТА НУХИЈИ

„Да се ​​биде дел од уметничката заедница и да се биде успешен наликува на Гордиевиот јазол, бидејќи колку и да се трудиш да се извлечеш, да најдеш сила да излезеш од тој јазол, тој повторно се сплеткува и те проголтува. Значи, да се обидеш да створиш уметност е како да спасуваш некого од рак, а во моментот кога ќе ја победите болеста, ви не можете да престанете а да не се обидувате да ги спасите и другите. Успехот за мене не мора да значи поседување на еден трофеј, за мене најголем успех во оваа професија е благодарноста и критиката за мојата работа од влијателни луѓе во изведувачките уметности, но и од обичната публика коja е уште поважнa за мене. И бидејќи зборуваме за тековната година, за мене првиот успех е првата професионална претстава со „Ноќта на Хелвер“ но и со „Мажот на мојата сопруга“, претстави вреднувани со искрени критики од влијателни луѓе во оваа област, со награди, тука несомнено e и проектот по неа „Смртта и Девицата“, како прв најголем проект по големина на екипата, бројот на актери, тематиката, предизвикот, одговорноста што ја имав, мојата втора претстава во Албанскиот театар, но која првпат ме стави пред голема публика како режисер. Го нареков успех, бидејќи уште од првиот чекор при нашето учество во еден фестивал со едно високо професионално и влијателно жири, ние го освоивме трофејот за најдобра претстава, попратен со најдобри можни критики и оценки. Оваа година како успех би го набројала и моето присуство на сцената во улога на актерка. Успех за мене е и еден сценски проект што го работев со неколку средношколци во Кичево, кои имаа среќа да бидат и дел од Кичевскиот театарски фестивал, споделувајќи ја сцената со професионални трупи, а искуството во овој процес инспирираше еден од тие ученици да се насочи кон изведувачките уметности, и тој оваа година е студент по глума. Успешна би ја нарекол и големата желба на една поголема група на ученици кои се обидуваат да соберат средства, само за да изведат и тие едно џиновско шоу со голема професионална сценографија и техника. Успех би ја нарекол и новата претстава која се подготвува во Гостиварскиот театар, бидејќи во рекордно време, за само два дена, ја поставивме целата визуелна структура на претставата, секако благодарение на ентузијазмот и посветените работници на тој театар и на моите соработници.

Јас ја нарекувам успех и мојата понизност кон семејството, мојата понизност кон личноста која ме држи за рака и ми помага да се искачам по една скала секоја година, тоа е мојот сопруг, мојата понизност кон мојата најдобра пријателка, кон општеството, кон туторите кои ми го научија занаетот и најголемата понизност кон сите оние кои одвојуваат време од својот живот за да ја следат мојата уметност….

Афердита Нухији е родена во Кичево. Таа припаѓа на првата генерација режисерки Албанки во Република Северна Македонија. Таа е многу активна во културниот живот во Кичево и е дел од многу театарски проекти, понекогаш како актерка, а понекогаш како организаторка и режисерка. Во опусот на нејзините дела ги издвојуваме: „Ако можеш” , aктерка – Режија: Ќендрим Ријани, „Муза на мојата душа” – куратор: Ќендрим Ријани, Претстава во Швајцарија „Предлог – Братство и интерес" - Антон Чехов - Кристо Флоќи. Актерка во главна улога; Наталија Степановна и Марга - Режисер: Ќендрим Ријани, Филм „Скриениот" - актерка во дел од филм - Режија: Арсим Фазлија. Филм "Свадбата на Ана", Хаќиф Мулиќи - асистентка на режија и актерка во главна улога на Ана - Режисер: Сабедин Алиу. Претставата „Први и последни" - Џон Галсворди, режисерка.- Претставата „Бидерман и потпалувачите" – Макс Фриш - асистентка на режија и актерка во улогата на Бабета - Режисер: Мехмет Џелили. Претставата „Балконот" – Жан Жене - асистентка на режија - Режисер: Арбен Кумберо. Претставата „Ноќта на Хелвер" – Ингмар Вилкист – режисерка. Учеството на Албанскиот фестивал во Дебар - добитничка на наградата „Најдобра актерка на фестивалот" ( Учеството на фестивалот „ПИТФ Приштина“, добитничка на наградата за најдобра претстава според публиката и студентите, номинирана за најдобра режија, номинирана за најдобра претстава, номинирана за најдобра главна женска улога, номинирана за најдобра машка главна улога. Учеството на фестивалот „Ускана Фест Кичево - 2021, „Мажот на мојата жена“ – Миро Гавран – режисерка – Куманово. Учеството на фестивалот на комедијата MITRIX –FEST – Косово и номинирана за најдобра режија и добитничка на наградата Најдобар концепт на сценографијата, „Смртта и девицата” – Ариел Дорфман – режисерка. Учеството на фестивалот „Ускана Фест 4 Кичево, добитничка на наградата за најдобра претстава 2024 – член на жирито на фестивалот: „Отело” – осма едиција – Гостивар 2024 – „Детектор“ – Васил Сигарев – актерка, „Цилиндар” – Едуардо де Филипо – режисерка – Театар на Гостивар (во тек) итн.

Како успешна жена за оваа година би сакала да ја спомнам актерката Арта Зејнели, за нејзините бројни проекти и ангажмани.

АРТА ЗЕЈНЕЛИ

„Првин сакам да кажам дека има многу други девојки кои беа успешни оваа година и сигурна сум дека ќе дојде денот кога ќе се слушне и нивниот глас. За мене успех би било да ме спомне една многу посебна личност за мене, која била сопатник на ова патување со многу подеми и падови. Оваа година ја започнав со народните приказни преку кои научив многу работи околу снимањето и претставувањето пред камерите. Друго искуство за мене беше улогата во краткиот филм „Камера“, во кој играв улога на мајка, едно посебно чувство кое сѐ уште не сум го доживеала во мојот живот. Како проекти имав неколку реклами за една компанија, што беа едно ново искуство, бидејќи не сум го работела тоа порано. Непланирано се вклучив и како актерка во еден видео клип, „За мама“. Преку оваа приказна кое е базирано на вистинит настан научив колку обични ни изгледаат работите кои ги правиме, додека некои други се борат со животот. Нивните обиди да ја освојат битката, кога канцерот секојдневно како да им вели „твое е да ми објавиш војна, а мое е да победам“. Како еден прдизвик со бројни професионални придобивки би ја спомнала улогата на Лина во претставата „Итроштините на Патук“, една улога полна со предизвици. Да се биде во кожата на една жена која е појака од мажите. Едно многу поинакво претставување од секојдневната личност, едно патување кон нешто непознато. Учеството на многу фестивали со оваа улога, позитивните оценки од публиката, луѓето, критиките и мотивацијата за да се работи уште повеќе. Како значајно достигнување за мене би ја спомнала работата на мојот приватен бизнис за декорирање, довербата која многу луѓе ми ја даваат за да ги украсам нивните најзначајни настани. Овој бизнис отсекогаш го сметав за ембрион, со кој со Божја помош секојдневно се развиваме и заедно растеме. Оваа година напорите и непроспиените ноќи на некој начин се исплатија. Исто така би го спомнала и учеството во една претстава за деца. Нивната искреност и неизмерна љубов ми причинуваат големо задоволство. Едно многу важно и ново поглавје за мене е мојот избор за асистент на ДУТ од страна на деканот, Проф. Сенад Абдули и професорот Проф. Куштрим Бектеши. Многу посебно искуство во кое што секој ден учам нешто ново, и каде дисциплината, искреноста, истражувањето за оваа професија, важноста да се биде човек се дел од самиот примарен процес. Искуството со студентите, нивната доверба, истражувањето за професијата за мене отвориле еден сосема нов дијапазон. Би рекла и дека како резултат на ова поглавје јас научив дека без разлика со какви титули се стекнувате во животот, без разлика на професијата, најважната титула во нашите животи е титулата ЧОВЕК. Како достигнување на оваа година би го спомнала тоа што гласот на мојата работна дисциплина, мојата искреност, праведност и труд почна да се слуша и за мене нема поголем успех од тоа кога тоа се постигнува на праведен и посветен начин. Задоволство за мене е и соработката со мојота колешка, за секоја улога за која работиме заедно и за која се обидуваме да ги истакнеме нашите вредности. Во меѓувреме, во мојот приватен живот оваа година научив дека Господ ти праќа сè во вистинското време. Бескрајна благодарност до моите најблиски и до сите оние кои ме поддржуваа и веруваа во мене.

Арта Зејнели -  е вработена во Тетовскиот театар каде ги има одиграно овие улоги:

„Проколнатите“ Автор: Олса Пошка, режисер: Гент Чајани, Улога: (мајка и хор) „Граѓанинот благородник“, Автор: Молиер, Режија: Куштрим Бектеши, Улога: Луција, „Поручникот од Инишмор“, Автор: Мартин Мекдонаг, Режија: Фитим Селими, Улога: Бартли, „Итроштините на Патук“, текст Ѓерѓ Фишта итн. Ангажирана е и како надворешен соработник на Универзитетот во Тетово каде и ги завршила и студиите. Таа е основач и на бизнис за декорирање ''Арт декор''.

"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."

Друго