Во нашата земја се уште понерамноправни, каде што се уште се квота, бројка и покрај тоа што докажуваат висока политичка зрелост. Во албанската политичка сцена во РСМ сликата е застрашувачка. Од една страна се мажите гладни за моќ и кои безмилосно го победуваат политичкиот противник, а од друга страна се жените, кои иако успешно го победуваат противникот, не успеваат да ги победат родовите стереотипи. Сосема лесно, кога противникот доаѓа од женскиот свет и кога не можат политички да го победат, на социјалните мрежи се оркестрира машка кампања каде жените на клучните позиции се удираат „под појас“. Целта? Се знае. Треба да има што помалку жени кои се осмелуваат да се занимаваат со политика. Да се плашат дури и кога ќе се спомне политиката, исто како да одат на стрелиште каде што нема правила на игра и каде прво ќе удираат по нивниот морал или ќе се булизираат со озборувања за сосема небитни работи. Успешните жени честопати се потценети или обвинети дека тоа што го постигнале го постигнале преку правење на лични услуги, а не поради своите заслуги, и иако во последниве години ситуацијата се сменила, пред нас сè уште е каузата жените да се почитуваат не затоа што тие би можеле да бидат наши сестри и мајки, туку затоа што тие се луѓе, исто толку колку што се и мажите. Жените кои го почувствувале психолошкиот притисок и теророт кој го предизвикуваат моралните удари или ударите „под појас“ и се придружуваат на оваа кауза на Молекуќја.
„Се додека кај нас политиката се прави со напаѓање на личноста, дури и со лажни вести, а не со аргументи за одредени прашања, тогаш секој човек што се занимава со политика многу лесно може да биде повреден. Секако дека уште побрутални се нападите врз жените во политиката. Мислам дека тоа е така поради многу причини. Како прво, тоа е резултат на менталитетот дека работите се поделени меѓу мажите и жените и дека жените не можат да знаат исто колку мажите. Второ, затоа што погрдните зборови кон жените се на врв на јазикот, наспроти една анализа на нејзината работа во политиката. И трето, маркетингот што се прави и таму каде што не е местото со убавината и телото на жената остава впечаток дека тоа е она што жените знаат да го прават најдобро“.
Бујаре Абази, потпретседател на Алијансата за Албанците (крилото на Таравари)
„Во едно општество како што е нашето, каде што доминира позатворен и попатријархален семеен поредок, жените често се гледаат низ призмата на стереотипите кои ја ставаат на втор ред, дефинирајќи ја само во одредени улоги во семејството и обидувајќи се да ја оттргнат од јавниот живот и активизам.Овој начин на размислување е главниот извор на нападите врз жените, особено кога тие се осмелуваат да излезат надвор од овие рамки и да бидат независни и активни во општеството. Кога една жена се занимава со политика, таа не само што ги оспорува постоечките норми, туку и станува симбол на промени што некои тешко ги прифаќаат. Наместо да дебатираат за нејзините идеи или работа, тие често прибегнуваат кон напади кои го нарушуваат нејзиниот морал, приватниот живот или физичкиот изглед. Ова се најзлобните и најлесните средства за нарушување на нејзиниот имиџ во општество каде чувството за „чест“, „морал“ и нивната традиционална улога остануваат многу чувствителни теми. Во една таква средина, една независна и активна жена се гледа како закана за традиционалниот систем, па затоа се напаѓа за да се врати „рамнотежата“ на патријархалниот поредок. Ова е низок и штетен менталитет, не само за жените, туку и за целото општество, бидејќи го ограничува потенцијалот на половина од населението и го спречува развојот во сите сфери кои се од витално значење за општеството. Како жени и како жени во политиката ние имаме одговорност не само да пружиме отпор, туку и со нашиот пример да покажеме дека независноста, професионализмот и активизмот се вредности, а не закани. Ние треба да поттикнеме една јавна дебата која ќе се фокусира на заслугите, а не на предрасудите и да поддржиме културна промена која ја зајакнува родовата еднаквост. Заедно, можеме да ги срушиме овие бариери и да создадеме една средина во која што секоја жена ќе се чувствува почитувана и ценета за нејзиниот придонес“.
Каљтрина Зеколи Шаќири – заменик министер во Министерството за транспорт и врски од редовите на Демократскиот сојуз
„Напаѓајќи ги карактеристиките како изгледот, приватниот живот, моралот, мислам дека се испраќаат две пораки:
1. Да се создаде впечаток дека жената е во политиката како резултат на изгледот, моралот- најчесто во негативна конотација или приватниот живот кој е атакуван, а не како резултат на вредностите, убедувањата и страстта за политиката, и
2Да се помести вниманието и фокусот од артикулацијата, знаењата, посветеноста, достигнувањата и да се ориентира кон гореспоменатите квалитети.
Сметам дека за да ја смета жената за успешна во политиката нашето општество има поставено еден повисок стандард, потежок за достигнување отколку за мажите“.
Арта Биљали Зендели – секретар за еднакви можности во редовите на Демократската унија за интеграција
„Социјалните мрежи, просторот за коментирање на порталите се можност секој да каже по некој збор, како што ќе му одговара нему, за една јавна личност или за еден политичар. Честопати овие зборови се многу вулгарни, напишани на дијалект, полни со граматички грешкиили целосно погрешни, кои го изразуваат културното ниво на авторот, но кои сепак ги доживува лошо личноста која е жртва на овие вербални напади. Жената која се занимава со политика, вклучувајќи ме и мене, многу почесто се соочува со вакви ситуации. На жените им се кажуваат низа непристојни зборови, обвинувања за неморал и бескрај навреди.
Иако доаѓаат од луѓе кои вие не ги познавате, но можете лесно да добиете една слика за нивното ниво, тие сепак ве потиснуваат и прават да се чувствувате лошо, дури мислам дека овие напади се причина за срамежливоста на многу жени кои не сакаат се занимаваат со јавни активности, со политика или нешто слично. Покрај тоа, дури можам и да кажам дека пред секоја порта или амбиција за да се земе одредено место или задача, се појавува еден голем маж кој го зазема целиот квадрант и не дозволува да се помине лесно понатака. Ова е еден постојан предизвик за една жена политичар кај нас. Таа мора да биде неколку пати поподготвена, поспособна и поупорна во своите способности за да го добие она што мажот во маскулинистичките општества го добива со леснотија“.
Др. Вјолце Бериша, претседателка на Женското собрание и поранешен заменик министер од редовите на Алијансата за Албанците (крилото на Села)
Насилството врз жените кои се занимаваат со политика е негативен општествен феномен и е еден глобален феномен како во земјите и во општествата во развој, но исто така е евидентен како феномен во општествата и земјите со поразвиени демократии, особено кога станува збор за сајбер насилството кое стана поочигледно за време на пандемијата со КОВИД-19.
Честопати овој вид насилство не се третира сериозно и не се третира како еден вид на насилство, но тоа има свои последици кои влијаат на нивото на самодоверба и самопочит, стрес и може да резултира со напуштање на политиката од жртвата на насилство, но и други посериозни последици. Она што е важно е нашиот фокус да е на свесноста и актуелизирањето на оваа форма на насилство.
Мора да се бориме против овој негативен општествен феномен, но мора да се бориме заедно, не е доволен само активизмот и да се крене гласот на жените затоа што ова не е прашање само на жените, туку и на мажите.Битката мора да се води заедно, кога велам заедно мислам на мажите и жените во соработка со релевантните институции како што се полицијата, обвинителството, судовите, за да не се игнорираат, занемаруваат, да нема предрасуди за случаите на насилство, туку секое насилно лице, било физички или виртуелно, да добие соодветна казна и да се осигура дека делото нема да се повтори.
Мелинда Рашиди - претседателка на Форумот на жени од редовите на Движењето Беса
"Овој материјал е целосно или делумно финансиран од UK International Development и Фондацијата Kvinna till Kvinna, кои не мора да се согласуваат со мислењата изразени во него. За содржината е одговорен авторот."